Воен конфликт

Руските сили напредуваат во Северодоњецк

14.06.2022 10:19

Руските сили напредуваат во Северодоњецк. Киев тврди – уништени се сите мостови со што е оневозможена евакуацијата на населението и доставата на помош. Со освојување на овој град на истокот од Украина, Москва добива контрола врз целиот регион Луганск каде што веќе доминираат проруските сепаратисти...

Руските сили напредуваат во Северодоњецк. Киев тврди – уништени се сите мостови со што е оневозможена евакуацијата на населението и доставата на помош. Со освојување на овој град на истокот од Украина, Москва добива контрола врз целиот регион Луганск каде што веќе доминираат проруските сепаратисти.

„Северодоњецк е блокиран откако го разнесоа и последниот мост кој го поврзуваше со Лисичанск. Украинската војска која е стационирана таму, ќе остане таму. Имаат две опции: да го следат примерот на колегите и да се предадат, или да умрат“, изјави Едуард Басурин.

„Се соочуваме со апсолутно зло. Немаме избор освен да продолжиме натаму, да ја ослободиме целосно нашата територија, да ги истераме окупаторите од сите области. Иако нашиот фронт е широк над 2.500 километри, стратегиската иницијатива е наша. Се разбира дека ќе го ослободиме и Крим“, изјави Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ Песков повтори дека главната цел на руската воена операција во Украина е заштита на самопрогласената Доњецка Народна Република и на Луганската Народна Република.