Брегзит
ЕУ и САД со критика до Британија поради планираното менување на договорот
14.06.2022 10:19
Германскиот канцелар Шолц ја критикуваше планираната еднострана измена од британската Влада на Протоколот за Северна Ирска во договорот за Брегзит...

Германскиот канцелар Шолц ја критикуваше планираната еднострана измена од британската Влада на Протоколот за Северна Ирска во договорот за Брегзит.
САД ги повикаа Брисел и Лондон да се вратат на дијалогот за едно од најспорните прашања.
Британските власти сакаат да ги укинат сите проверки на стоки договорени во Протоколот за Северна Ирска за заштита на единствениот европски пазар и да ги заменат со доброволен договор.
