Корејски полуостров

Сеул: Пјонгјанг ги заврши подготовките за нова нуклеарна проба

14.06.2022 10:21

Јужна Кореја и САД се обидуваат да и извршат притисок на севернокорејската Влада за да запре со тестирањата кои, според западните земји, ќе доведат до создавање на нуклеарно оружје...

Официјален Сеул тврди дека Пјонгјанг е подготвен за нова нуклеарна проба. Јужна Кореја и САД се обидуваат да и извршат притисок на севернокорејската Влада за да запре со тестирањата кои, според западните земји, ќе доведат до создавање на нуклеарно оружје.

И покрај предупредувањата од Меѓународната заедница, Пјонгјанг продолжи со серијата лансирања на проектили.