Македонија

Бесими: Наша определба и препорака на меѓународните финансиски институции е таргетирани мерки за најпогодените и стабилен буџет

14.06.2022 10:41

Наша одговорност е да го одржиме Буџетот стабилен и да обезбедиме средства за поддршка на оние категории кои се најпогодени од кризата, ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во телевизиска емисија...

Наша одговорност е да го одржиме Буџетот стабилен и да обезбедиме средства за поддршка на оние категории кои се најпогодени од кризата, ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во телевизиска емисија.

„Потаргетирани мерки значат со помалку пари да се обезбедат и да се заштитат прво тие што се најзагрозени, дали се тоа граѓани или фирми. За тоа се предвидени 2,4 милијарди денари повеќе за примателите на загарантиран минимален приход. Средства за покривање на трошоците за храна и електрична енергија, исто така, на ранливи категории. Ја имаме програмата за енергетска сиромаштија. Значи ќе има таргетирани мерки за различни категории за кои ќе се оцени дека постои потреба. Мерки кои ќе се дефинираат за што ќе се користат, односно да се користат за енергија или само за прехранбени производи. Ќе се води консултативен процес со сите заинтересирани страни за мерките подобро да се дизајнираат, рече министерот.

Тој додаде дека мерките што досега дадоа ефект ќе продолжат да се применуваат, напоменувајќи дека во делот на поддршката за електричната енергија на граѓаните треба да им е познато дека сметката што ја добиваат за потрошена електрична енергија е само 20% од пазарната цена на електричната енергија. Во иднина, посочи, на сметката ќе биде прикажано колку од износот за електричната енергија субвенционира државата.

Министерот истакна дека се пристапува кон потаргетирани мерки во однос на претходниот пакет мерки што беше донесен, а кој беше со широк опфат и со цел да влијае на шпекулативниот момент во однос на цените.

Во врска со управувањето со стоковите резерви, министерот посочи дека со ребалансот има дополнителни средства за нивно зајакнување и дека тие се на располагање за потребите кои се дефинирани со закон и доколку се укаже таква потреба ќе се интервенира. Оцени дека во досегашниот период немало потреба од нивно активирање и дека во ниту еден момент не се појавил недостиг на храна или нафтени деривати на пазарот.