Украина ја прекина исплатата за рускиот гас

12.04.2014 18:15

Украина ја прекина исплатата за гасот од Русија додека не завршат преговорите за цената.

 Русија по анексијата на Крим ја зголеми цената на гасот за Киев, којшто веќе и должи 2, 2 милијарди долари.На истокот на Украина неколку вооружени мажи зазеле полициска станица во градот Славјанск. Проруските демонстранти коишто речиси една недела држат под контрола неколку јавни згради во Доњецк и Луганск бараат референдум и припојување кон Русија.

„Нашите луѓе сакаат да живеат мирно, без хунтата што ја презеде власта во Киев. Ние не сакаме да бидеме робови на Америка и на западот. Сакаме да сме со Русија“, изјави член на групата за Одбрана