Полициска акција
Полициска акција - МВР влезе во затворот „Идризово“
14.06.2022 12:38
Од МВР за МТВ потврдија дека во казнено-поправната установа се врши претрес, поради сомневање за сторени кривични дела, односно поседување дрога и оружје...

Полицијата влезе во најголемиот затвор „Идризово“. Од МВР за МТВ потврдија дека во казнено-поправната установа се врши претрес, поради сомневање за сторени кривични дела, односно поседување дрога и оружје.
Од Министерството посочуваат дека слична ваква акција беше спроведена и лани, во речиси сите затвори во земјава. Детали за акцијата се најавуваат за подоцна.
