Во Куманово вечерва протест поради загадениот воздух
Група граѓани за вечер најавија дека ќе протестираат поради загадениот воздух во Куманово. Се организираат самоиницијативно преку социјалните мрежи...

Група граѓани за вечер најавија дека ќе протестираат поради загадениот воздух во Куманово. Се организираат самоиницијативно преку социјалните мрежи.
Ќе побараат одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да се најде загадувачот, бидејќи како што велат, здравјето нема цена. кумановци повеќе од десетина дена во вечерните часови се жалат на силна непријатна миризба на изгорена гума и пластика.
Како што објави државниот инспекторат за животна средина, пред неколку дена е извршен и вонреден увид по добиена претставка на граничен премин „Табановце“ при што е констатирано дека во моментот на увидот намален е интензитетот на непријатната миризба, но дека е присутен и поплаки има и од страна на царинските служби на Република Србија.
