ДСЗ

ДЗС ќе спроведе пробен попис на земјоделството од утре до 30 јуни

14.06.2022 13:11

Целта е да се тестираат методологијата и прашалниците за спроведување на пописот, како и организациските и стручните аспекти на оваа активност...

Државниот завод за статистика од утре до 30 јуни годинава, ќе го спроведе пробниот попис на земјоделството.

Ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти во неколку општини што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството.

Целта е да се тестираат методологијата и прашалниците за спроведување на пописот, како и организациските и стручните аспекти на оваа активност.

Методолошките и организациските аспекти се целосно усогласени со европските регулативи. Соработката и учеството на домаќинствата и деловните субјекти во оваа статистичка акција ќе помогнат да се обезбеди успешно спроведување на главниот попис на земјоделството следната година, соопштуваат од Државниот завод за статистика.