Македонија-Бугарија

Петков бара ново парламентарно мнозинство

14.06.2022 14:24

Премиерот Петков во обид да обезбеди парламентарно мнозинство. Вели дека таргетот е 121 пратеник кои нема да се зависни. Откако 8 пратеници на „Има таков народ“ му откажаа верност на Трифонов, Петков очекува нивниот пример да го следат уште 7 народни избраници. Бугарскиот премиер не протежира предвремени избори...

Нова серија избори ќе биде погубна за Бугарија и ќе претставува историско изгубено време-изјави премиерот Кирил Петков. Ќе разговара со секој пратеник во бугарското Собрание за да обезбеди стабилно мнозинство.

Тој е дециден дека нема заткулисни договори и изрази уверување дека „Продолжуваме со промената“ ќе добие и други поддржувачи. Министерот за спорт Радостин Василев и седумтемина пратеници од „Има таков народ“ на Трифонов, јасно посочија, вели Петков, дека остануваат во владејачката коалиција поради лојалноста кон Бугарија.

Соочен со губење на пратеници во своите редови шоуменот Слави Трифонов бара затворена седница на Парламентот на која ексминистерката за надворешни работи Генчовска би презентирала документи, како што вели Трифонов, дека премиерот Петков тајно разговарал за кревање на ветото за Македонија. Дури Петков и да ја одржи Владата според познавачите на состојбите, тоа нема многу да влијае на бугарското вето на јунскиот самит на Европската Унија.

Миле Ристески