Тропската бура „Ита“ во Австралија остави илјадници луѓе без струја
12.04.2014 18:21
Тропската бура Ита што го погоди североисточниот брег на Австралија///

Тропската бура Ита што го погоди североисточниот брег на Австралија остави илјадници луѓе без електрична енергија и без телефонски врски, а десетици луѓе се сместени во засолништа. Нема извештаи за жртви. Хидрометеоролошкиот завод на Австралија предупреди на обилниот дожд што ќе следи по невремето како и на силен ветер и на големи бранови во областа кај Сиднеј.
