Електродистрибуција ќе има обврска најмалку еднаш на три месеци да ги чита струјомерите
Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. По претставките од граѓаните за нередовно читање и високите сметки, договор меѓу Омбудсманот Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимоски. Регулаторите подготвуваат и нов тарифник за пресметка на потрошената струја. Се размислува и за можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати...

На секои три месеци Електродистрибуција ќе мора да ги чита струјомерите. По поплаките на граѓаните за нереални сметки, правилата ќе се менуваат. Народниот правобранител и Регулаторната комисија се договорија, наместо еднаш, најмалку четири пати годишно операторот да врши увид во состојбата на броилата и реално потрошената енергија.
Регулаторната комисија ја најави и можноста за воведување рамномерно плаќање за потрошена струја во текот на 12 месеци. Со оглед на разликата во долгот во текот на летниот и зимски период, паушално, граѓаните ќе плаќаат еднакви износи, модел што според Бислимоски допрва ќе се дефинира со енергетските компании.
Бислимоски апелира граѓаните да не се грижат ако добијат фактуриран долг со пресметковен период подолг од 30 дена, вели на дневна основа ќе се прават пресметките во која блок тарифа според потрошената струја ќе припаднат на домаќинствата. Се праќа сигнал до потрошувачите за рационално користење на струјата. Од први јули ќе има нови цени. Дел од компаниите веќе побарале поскапувања.
Сузана Фиданска Стоевска
