Македонија

Месните индустрии бараат Владата да ги исполни нивните барање во спротивно ќе поскапи преработеното свинско месо

14.06.2022 14:49

За две до три недели, домашните месни преработки ќе бидат поскапи за 20 до 30 проценти. Од Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора реагираат дека се во незавидна положба бидејќи увезените преработки од месо се без царина. Стравуваат дека ќе мора да ги затворат фабриките или поголемите преработувачки капацитети да ги префрлат во соседството каде имало поповолни услови...

За десетина дена трпезите ќе бидат поскромни оти преработките од свинско месо може да поскапат и за 30 проценти. Вакво предупредување стигна од Стопанската комора, од каде што велат дека се трошат резервите, откако на 5-ти јуни престана да важи мерката за ослободување од царина на потрошената увезена суровина.

Производителите реагираат дека се во незавидна положба оти увезените преработки од свинско месо се без царина, а во нивните земји давачките се помали. Со поскапување на електричната енергија, суровини, помалите стопанственици стравуваат дека ќе мора да ги затворат фабриките, големите фабрики ќе се преселат во соседството.

Надлежните велат ќе ги разгледаат барањата на месопреработувачите, па потоа ќе донесат одлука.

Наташа Ј. Менковски