Бектеши: Се замрзнуваат маржите за основните прехранбени производи заклучно со крајот на септември
Од утре во трговијата на големо и мало се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5 проценти, а на 10 проценти на брашното, макароните, оризот, кравјото млеко и јајцата. Ограничувањето ќе важи до крајот на септември годинава. Мерките што ги донесе Владата на денешната седница се во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции, тврди Бектеши...

Донесена одлука за определување највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало. До 30-ти септември, маржата за лебот, шеќерот и зејтинот ќе биде 5 проценти, а за брашно, тестенини, оризот, кравјото млеко и јајца – 10 отсто. Одлуката е донесена по направените надзори на пазарниот инспекторат, во консултација со бизнис-заедницата, трговците и производителите, информира министерот за економија Бектеши, кој предупреди дека листата може и да се проширува.
Владата се реши за ваков чекор бидејќи, откако престанаа да важат претходните мерки, кај некои производи имаше драстични поскапувања кои не беа оправдани.
Граѓаните со кои поразговара Македонската телевизија се пожалија дека досега цените отишле до небо.
Исто така, владината одлука предвидува рабатот и други оперативни трошоци да не се одобруваат до крајот на годинава.
Марија Котовска
