За Форца волеј куп трофејот
Во Пробиштип почна распределбата на трофеите во домашната одбојка.

Традиционално куп медалите се првите одличја во сезоната и вовед на завршните првенствени возбудувања за титулите.
Женската екипа на Форца волеј го врати куп пехарот во своите витрини на стартот од двојната програма, откако во финалниот меч славеше против Јанта волеј со 3-0 (26-24,25-20,26-24) во сетови.
Недопирливиот македонски шампион во лигата во последните седум сезони, имаше достоен противник во талентираните одбојкарки кои во трите сета пружија силен отпор.
За Форца волеј ова е шеста куп титула, откако минатата сезона, нивната петгодишната супериорност беше прекината од екипата на Македонија макс.
Вомашкото куп финале се судираат екипите на домаќинот Пробиштип и Струмица. Директниот пренос следете го на собранискиот канал на МРТ.
