Македонија

Ламбе Алабаковски ќе се брани од слобода, одземен му е пасошот

14.06.2022 17:03

Истече притворот на поп пејачот Ламбе Алабаковски кој се сомничи за опожарување на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а според полицијата веќе го признал делото. Тој е ослободен од домашен притвор и ќе се брани од слобода...

Истече притворот на поп пејачот Ламбе Алабаковски кој се сомничи за опожарување на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а според полицијата веќе го признал делото. Тој е ослободен од домашен притвор и ќе се брани од слобода.

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел одлука како мерка на претпазливост на Алабаковски да му биде одземена патната исправа.

Алабаковски беше уапсен на седми јуни, а два дена по изрекувањето на мерката притвор таа беше преиначена во куќен притвор.