Утре во „Македонија наутро“ ќе гледате...
Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“ - Јубилеј 27 години од формирањето на воената академија, какви можности нуди воената академија на АРМ, колку се конкурентни македонските кадри во светот? Гости во Македонија наутро - Александар Петровски – професор, Кристијан Петров – питомец и Арџина Груби – питомец на воената академија.

Се воведува нов тарифен модел за наплата на струјата. Во иднина, кој ќе троши повеќе, тој ќе плаќа повеќе. Потребно е да се зголеми призводството на електрична енергија, а Македонија има одлични услови. Кристина Талеска Големтеова, разговараше со професорот Константин Димитров, кој е експерт за енергетика.
Соларните панели се повеќе заземаат значајно место во енергетиката, како замена за електричната енергија. Кога нема сончеви денови, можностите се ограничени, но нови научни истражувања покажуваат дека има надеж за панели, кои ќе произведуваат енергија и ноќе.
Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“ - Јубилеј 27 години од формирањето на воената академија, какви можности нуди воената академија на АРМ, колку се конкурентни македонските кадри во светот? Гости во Македонија наутро - Александар Петровски – професор, Кристијан Петров – питомец и Арџина Груби – питомец на воената академија.
СГГУ „Здравко Цветковски“, Скопје – Кои се предностите на стручното образование, какви квалификации се добиваат во ова училиште, дали македонските кадри се конкурентни на светскиот пазар? Гостин во студиото – Атина Томовска, директор на СГГУ „Здравко Цветковски“.
МЗТ Скопје Аеродром – Девет титули во последните десет сезони, настапот во АБА лигата е приоритет и потреба, младинските школи се основен извор на играчи. Гости во Македонија наутро се Александар Петровиќ – тренер, Дамјан Стојановски – капитен и Бојан Крстевски – првотимец.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
