Денеска гласаа затворениците
Затворените и притворените го остваруваат своето право на глас.
Во затворот во Шуто Оризари гласаат на гласачкото место 2969. Тоа право го имаат 353-ца. Од избирачкиот одбор во затворот ни потврдија дека процес се одвива без проблеми.
„Гласањето се одвива во најдобар ред и во казнено поправниот дом во Идризово.“, рече Магдалена Бадарова, заменик претседател на избирачки одбор на гласачко место бр. 2969 шуто оризари
Гласањето почнало навреме и тече без проблеми потврдуваат и од избирачкиот одбор.
Директорот, пак, посочи дека во затворот Идризово има повеќемина од оние кои што се со право на глас. Иако го пуштиле списокот со затворени лица сепак од државната изборна комисија им била доставена преполовена листа. Во ДИК појаснуваат дека на списокот се наоѓааат вкупно 1706 лица што го исполнуваат законското право.
Правото на гласање го остваруваат и 39-мина со статус на раселени, сместени во ученичкиот дом “Здравко Цветковски“, рече Субхи Јакупи, ДИК.
Фиљана Кока
