Куманово: Протест против аерозагадувањето
Кумановци излегоа на мирен протест, револтирани од загадениот воздух со кој се соочува градот неколку седмици. Бараат, да се најде загадувачот. Протестот го организираа самоиницијативно, на социјалните мрежи...

Кумановци излегоа на мирен протест, револтирани од загадениот воздух со кој се соочува градот неколку седмици. Бараат, да се најде загадувачот.
Тие изминативе денови реагираа на миризба на изгорена гума и пластика. Велат, сакаме да дишиме, здравјето нема цена. Протестот го организираа самоиницијативно, на социјалните мрежи.
Државниот инспекторат за животна средина веќе изврши увид во село Табановце, на самата граница со Србија, од каде што се претпоставува дека доаѓа загадувањето.
За проблемот е известен и инспекторатот на Република Србија, кој треба да утврди дали фабрика во Прешево е извор на загадувањето.
