Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на Скопје
Покрај средбата со неговиот домаќин министерот за надворешни работи Османи, целта на посетата е обележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави...

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман престојува во официјална посета.
Покрај средбата со неговиот домаќин министерот за надворешни работи Османи, целта на посетата е обележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
Двајцата шефови на дипломатиите ќе разменат мислења за актуелните случувања и евроинтеграцијата. Министрите за надворешни ќе потпишат меморандум за разбирање во областа на дипломатската обука.
Хрватскиот министер за надворешни ќе учествува и на Преспа форумот за дијалог во Охрид.
