За прв пат во историјата

Денеска гласаа македонците во Србија

12.04.2014 18:39

Во Белград историски ден. За прв пат македонските државјани во Србија гласаат на претседателските избори.

241 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија во Белград, го остваруваат своето граѓанско право за избор на претседател на Р.Македонија.

„Македонските државјани во Србија, гласаат на избирачкото место 5025 во Амбасадата на Р.Македонија“, рече Марјан Јовановски –Претседател на Избирачки одбор -Избирачко место 5025 Амбасада на РМ во Белград

Гласањето се одвива мирно и достоинсвено, а граѓаните од утринските часови пристигаат во македонската амбасада да го остварат своето граѓанско право.