Бразил

Уапсен вториот осомничен за исчезнатиот британски репортер

15.06.2022 09:33

Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето во Амазон на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира...

Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето во Амазон на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира.

Полиција запленила и муниција, но не соопшти кого му припаѓа и каде е пронајдена.

Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечената област на џунглата, на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се наоѓаат повеќето нерегистрирани членови на домородни племиња. На тој простор има банди кои шверцуваат кокаин, а е полн со шумокрадци и ловокрадци, како и диви копачи на руда.