СЗО
Мајмунски сипаници потврдени кај 1.600 лица
15.06.2022 09:39
Мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Регистрирани се 72 смртни случаја од претходно погодените земји...
Светската здравствена организација има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица. Постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји.
Мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Регистрирани се 72 смртни случаја од претходно погодените земји.
СЗО наведе и дека не се препорачува масовна вакцинација против мајмунски сипаници.
