Македонија
Шарл Мишел утре во посета на Македонија
15.06.2022 11:09
Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција...

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре доаѓа посета на Македонија.
Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.
Шарл Мишел ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18-ти јуни во организација на Владата.
