Свет

ЕУ со правни дејствија врз Британија во врска со Северна Ирска

15.06.2022 13:23

Британија донесе закон со кој ќе се укинат проверките и ќе се оспори улогата на судот на ЕУ во регионот, велејќи дека промените се потребни за да се подобри трговијата и да се намали бирократијата...

Европската Унија треба да го објави одговорот за можните правни дејствија што би можеле да резултираат со казни кон Британија, откако официјален Лондон го објави планот за отфрлање некои трговски правила за Северна Ирска по Брегзит.

Планот, според Брисел, претставува кршење на меѓународното право. Британија донесе закон со кој ќе се укинат проверките и ќе се оспори улогата на судот на ЕУ во регионот, велејќи дека промените се потребни за да се подобри трговијата и да се намали бирократијата.

Тензиите тлеат со месеци откако Лондон ја обвини Унијата дека прави проверки со кои одржува отворена граница со Ирска.