Денеска гласа дијаспората во Белгија

12.04.2014 18:46

Во изборната единица 7 , избирачко место 5003 , во центарот на Европската Унија , Брисел гласачкиот процес се одвива во фер и демократска атмосфера истакна пред. на изборниот одбор, Даим Иљази.

Неговите очекувања се дека 90 проценти од запишаните во избирачкиот список денеска ке го дадат својот глас за избор на председател на државата.

Во единственото гласачкото место во Белгија  5003 во Амбсадата на Р.Македонија во Брисел, според избирачкиот список , својот глас за избор на председател на државата запишани се вкупно 98 избирачи.

„ Досега до 14 часот гласале вкупно 56 , од вкупно запишани во избирачкиот список 98. Досега гласањето тече без никакви проблеми во добра атмосфера. “, рече Даим Иљази пред. на ИО.

Според председателот на Избирачкиот Одбор Даим Иљази  сите членови од изборната комисија се задоволни од процесот на гласање.

Оваа е прва година во која македонските државјани кои живеат и работат во Белгија имаат можност да го дадт својот глас за избор на председател за Р.Македонија.

Марина Стојанова Тонева