Швајцарија

Дефект на компјутерска опрема го затвори швајцарскиот воздушен простор

15.06.2022 13:24

Првично постоеше сомнеж дека станува збор за сајбер напад, но подоцна беше утврдено дека е компјутерски проблеми. Воздушниот простор над Швајцарија е повторно отворен...

Небото над Швајцарија беше затворено неколку часа поради техничка грешка кај службата за контрола на летови.

Многу авиони кои требаа да слетаат во Цирих или Женева изутрината беа пренасочувани во соседните земји што предизвика гужва на аеродромите.

Првично постоеше сомнеж дека станува збор за сајбер напад, но подоцна беше утврдено дека е компјутерски проблеми. Воздушниот простор над Швајцарија е повторно отворен.