САД

САД: Можен опасен топлотен бран на американскиот среден запад

15.06.2022 13:25

Над 100 милиони луѓе се очекува да бидат погодени од топлото време во средината на неделата, а властите ги предупредија жителите да останат во затворени простории што е можно подолго...

Голем дел од американскиот среден запад и дел од југот се подготвуваат за потенцијално опасен и смртоносен топлотен бран, со температури кои би можеле да бидат рекордни.

Над 100 милиони луѓе се очекува да бидат погодени од топлото време во средината на неделата, а властите ги предупредија жителите да останат во затворени простории што е можно подолго.

Вчера пак силното невреме донесе силен дожд и ветер во делови од земјата, оставајќи над 400 илјади потрошувачи без струја.