Македонија

Германските инвеститори во Македонија се жалат на правната несигурност, корупцијата и административните лавиринти

15.06.2022 15:00

Германските инвеститори во земјава се задоволни од бизнис климата, но се жалат на правната несигурност, корупцијата и административните лавиринти. Менаџерите на компаниите, велат им недостига стручен кадар во производствените погони...

Борбата со корупцијата и криминалот, главна пречка за германските компании да инвестираат во земјава. Дури 30 проценти од нив сега би се решиле за друга локација, а 70 насто одговориле дека повторно би инвестирале тука, покажуваат резултатите од анкетата на македонско-германското стопанско здружение. Компаниите се пожалиле и на правната сигурност, политичката стабилност и инфраструктурата. Германците со апел до Владата, позасилено да работи во овие области.

Трговската размена меѓу двете земји е рекордна, изнесува 4,7 милијарди евра. За 6 години е двојно зголемена. Голем дел од германските компании веќе го прошируваат производството ама проблем е недостигот од стручен кадар. Фирмите самите обучуваат ученици за да добијат работна сила.

Според истражувањето, компаниите се најзадоволни од вработените, највисока оцена даваат за нивната продуктивност и мотивација. Ова е 17-та анкета за деловната клима во Македонија и е спроведена во периодот од март до април.

Викторија Милевска