Бектеши: Со новиот Правилник секое домаќинство ќе може да ја продава произведената струја
Сите граѓани, домаќинства и компании ќе можат да произведуваат електрична енергија од обновливи извори, најави министерот за економија Бектеши. Произведената струја ќе можат да ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот да го продаваат на откупувачот или дистрибутерот...

Сите граѓани и компании ќе може да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и истата да ја продаваат на откупувач или дистрибутер, согласно новиот Правилник за обновливи извори на енергија. Секој потрошувач – производител ќе може произведената електрична енергија да ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаде на електродистрибутивната мрежа,
Бектеши најави и со мерка со којашто 30 посто на трошоците за инсталирање на овие технологии на крововите ќе ги покрива Министерството за економија, во износ до 1.000 евра.
Мерката е во склоп на програмата за промоција на обновливи извори за енергија за 2022-ра година, со цел поттикнување на инвестициите во овие извори. За реализација на програмата се предвидени 60 милиони денари.
Марија Котовска
