Велес-кривична за кражба на рози

12.04.2014 18:58

Први кривични пријави за крадци на розите во велес, насадени за чистење на почвата. Вакви случаи имало и досега, но овојпат полицијата не им прогледа низ прсти на сторителите.

Колективна еколошка свест, индивидуална  несовест, ова е заклучок по последниот случај на кражба на  двеста садници на рози кои неодамна во Велес  беа засадени.  Кражба на цветен материјал од јавни површини не е нешто, ново е сторителите кривично ќе одговараат.

Пријавените  во период од 21 март до 2 април 2014 година  во повеќе наврати откорнале садници од рози засадени на различни локации во градот  кои подоцна ги продавале на градскиот пазар во Велес на  различни луѓе“, рече Анита Стојковска, потпрол на СВР Велес

Анкетираните велешани одлучни  казна за виновниците, за во иднина таа да биде пример за сите кои ќе посегнат по заедничкото зеленило.

„Сигурно треба таквите лица да се казнат затоа што розите се засадија да го разубават градот а не за да се крадат“

„зависи кој ги крадел ако ги крадел некој од бес да го казнат, ако ги крадел некој од нермај каде нека занижат нека си помине човекот“

„Нека се казнат ако се откриени“, велат анкетираните велешани.

На денот на пролета во Велес беа засадени 3.500 рози.Тие покрај   новиот хортикултурен лик , со својот коренов систем   ќе ја чистат од тешките метали  велешката почва.   

Дијана Иванова