ДИК одби приговори од 3 политички партии

12.04.2014 19:37

ДИК ги одби приговорите поднесени од три политички партии за бришење односно запишување на лица во избирачкиот список.

Беше одбиено и барањето за бришење на лица од непосточеки адреси. Барањето се однесуваше и на петмина со непосточки адреси во скопската населба 11 октомври. Одлучено е да ги остави во избирачкиот список. Членот на комисијата, Aнета Стефановска рече дека барањето поднесено од една партија има за цел да го доведе во прашање легитимитетот на ДИК, на што реагираше претседателот Рилкоски, кој ја прекина порачувајќи и` дека е легитмно правото на секоја партија да поднесува приговори до комисијата.