Свет

Израел и ЕУ потпишаа договор за извоз на природен гас

15.06.2022 19:47

Предвидено е израелскиот природен гас, прво да биде испратен во фабриките во Египет, а оттаму во течна состојба ќе се доставува на северноевропскиот пазар...

Израел и Европската унија потпишаа договор за извоз на природен гас во блокот.

Брисел се обиде да ја намали енергетската зависност од Русија поради војната во Украина и бараше енергетски договори со други земји, вклучително Израел и Египет.

Предвидено е израелскиот природен гас, прво да биде испратен во фабриките во Египет, а оттаму во течна состојба ќе се доставува на северноевропскиот пазар.