Свет

Макрон, Шолц, Драги отпатуваа во Киев

16.06.2022 09:53

Посетата е ден пред Европската комисија да даде мислење за кандидатскиот статус на Украина. Меѓу земјите членки се насетуваат длабоки поделби околу кандидатурата на Украина која бара кандидатски статус уште од 2014 година кога беше урнат прорускиот претседател Јанукович...

Францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Шолц и италијанскиот премиер Драги со специјален воз отпатуваа во Киев на средба со Зеленски. Посетата е ден пред Европската комисија да даде мислење за кандидатскиот статус на Украина. Меѓу земјите членки се насетуваат длабоки поделби околу кандидатурата на Украина која бара кандидатски статус уште од 2014 година кога беше урнат прорускиот претседател Јанукович. Претседателот Зеленски најави дека ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Мадрид.

„Имаме уште еден сигнал дека одбранбената поддршка на Украина ќе биде постојана. Како дел од Рамштајн, Британија и Данска најавија специјална донаторска конференција во Копенхаген во август. Претходно, беа вклучени 14 држави“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме претседателот на САД, Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари. А, во Северодоњецк илјадници цивили се заглавени, поради руските напади. Обединетите нации предупредуваат дека нема вода и храна и санитарни услови.