Пјонгјанг
Северна Кореја подготвена за нова нуклеарна проба
16.06.2022 09:56
Јужнокорејската министерка за надворешни работи рече дека секоја провокација од Северна Кореја, вклучително и нуклеарната проба, ќе наиде на единствен и цврст одговор...

Северна Кореја се подготвува да активира уште еден тунел за детонација, соопшти истражувачки центар со седиште во САД, откако јужнокорејски и американски претставници најавија дека Пјонгјанг може да врши нуклеарна проба секој ден.
Јужнокорејската министерка за надворешни работи рече дека секоја провокација од Северна Кореја, вклучително и нуклеарната проба, ќе наиде на единствен и цврст одговор.
