УНХЦР
89,3 милиони присилно раселени луѓе во светот
16.06.2022 09:57
89,3 милиони лица ширум светот биле принудно раселени поради прогон, конфликт, насилство, кршење на човековите права или нарушување на јавниот ред...

Нов рекорд во глобалното присилно раселување. Според извештајот на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР на крајот на 2021 година, 89,3 милиони лица ширум светот биле принудно раселени поради прогон, конфликт, насилство, кршење на човековите права или нарушување на јавниот ред.
Тоа е за 8 насто повеќе во однос на претходната година и двојно повеќе од пред 10 години.
