Во Охрид почнува Преспа форум за дијалог „Градење иднина на Западен Балкан во современата безбедносна архитектура“
Во Охрид, дводневен Преспа форум за дијалог. Ќе го отвори претседателот Пендаровски. Се очекува присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставници на тинк-тенк организации, кои ќе разговараат за иднината на Западен Балкан...

Во Охрид, дводневен Преспа форум за дијалог. Ќе го отвори претседателот Пендаровски. Се очекува присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставници на тинк-тенк организации, кои ќе разговараат за иднината на Западен Балкан.
На првата сесија на високо ниво, ќе говорат претседателите на Словенија Пахор, на хрватска Милановиќ, на Косово Османи-Кадриу и црногорскиот претседател Ѓукановиќ.
Премиерот Ковачевски, како главен говорник утре ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после римскиот договор, Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. На панелот ќе учествуваат и премиерите на Србија Брнабиќ, на Косово Курти, а преку видео врска ќе се обрати и еврокомесарот за проширување Вархеји.
