Средба Пендаровски - Мишел
Синоќа Пендаровски и Мишел разговарале за европското досие на Македонија, за предизвиците и за можните модалитети за нивно надминување. Во пресрет на јунскиот самит на ЕУ, на кој му претходи лидерскиот состанок, Европска Унија-Западен Балкан...

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е во посета на Македонија. Во „Вила Билјана“ во Охрид, тет-а-тет средба со претседателот Стево Пендаровски.
Синоќа Пендаровски и Мишел разговарале за европското досие на Македонија, за предизвиците и за можните модалитети за нивно надминување. Во пресрет на јунскиот самит на ЕУ, на кој му претходи лидерскиот состанок, Европска Унија-Западен Балкан.
Двајцата претседатели размениле мислења и за најновите идеи за создавање „европска геополитичка заедница“. Секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена, потенцирал Пендаровски.
