Британија разочарана од потегот на ЕУ да отвори правна постапка
Велика Британија е разочарана од одлуката на Европската Унија да покрене две постапки против неа. Лондон внимателно ќе ги разгледа документите пред да одговори, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон...

Велика Британија е разочарана од одлуката на Европската Унија да покрене две постапки против неа. Лондон внимателно ќе ги разгледа документите пред да одговори, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.
Според него, пристапот предложен од Брисел, што не се разликува од оној на кој инсистираше претходно, ќе го зголеми товарот на бизнисмените и граѓаните и ќе значи чекор наназад.
Европската комисија покрена постапка против Лондон поради кршење на меѓународното право за непочитување на важните делови од протоколот за Северна Ирска.
