Кина

Поплави во провинцијата Гуангдонг во источна Кина

16.06.2022 13:22

Поради интензивните врнежи од дожд илјадници станбени објекти се под вода. Голем број жители во неколку села се заробени поради надојдената вода, а спасувачките екипи со гумени чамци се обидуваат да ги пренесат на безбедно...

Поројните дождови предизвикаа големи поплави во јужнокинеската провинцијата Гуангдонг во источна Кина.

Поради интензивните врнежи од дожд илјадници станбени објекти се под вода. Голем број жители во неколку села се заробени поради надојдената вода, а спасувачките екипи со гумени чамци се обидуваат да ги пренесат на безбедно.

Во градот Ганжу, во источната провинција Џиангкси е погоден дождот непрекинато врнеше неколку дена, поради што некои села во окрузите Јуду и Хуичанг беа опколени од поплавите.