Одбојка, Куп на Македонија (мажи и жени)
Трофеите за Струмица и за Форца Волеј
12.04.2014 20:07
Одбојкарите на Струмица го освоија пехарот во годинашниот Куп на Македонија.

Во финалниот натпревар во Пробиштип, актуелниот државен првак лесно триумфираше со 3-0 против тимот којшто го носи името на градот-домаќин. Резултатот по сетови: 25-18, 25-23 и 25-20 за струмичани, за коишто ова е втор трофеј во Купот досега.
Струмица е на добар пат да ги обедини двете титули во македонската клупска одбојка сезонава, бидејќи во финалето на плеј-офот во домашното првенство и претстои серија со крушевски Синалко.
Пехарот во женска конкуренција го кренаа одбојкарските на Форца Волеј, по победата од 3-0 над Јанта Волеј, по сетови: 26-24, 25-20 и 26-24. За нив тоа беше шести триумф во Купот, а имаат и седум шампионски титули.
