Велес

Велешкиот театар стана дел од регионалниот проект „Наши денови“

16.06.2022 14:03

Со гостувањето на „Српско Народно позориште“ од Нови Сад со претставата „Тартиф“ во Велес, започнува реализацијата на проектот „Наши денови“. Со неа се овозможува размена на искуства и знаења од театарската уметност од неколку регионални театри...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од неодамна е дел од регионалниот проект, протоколот „Наши денови“. Тој е дел од оваа мрежа која ќе се разменува искуство, знаења од театарската уметност, од неколку театри во Белград, Нови Сад.

Вечерва на сцената на велешки театар гостува „Српско Народно позориште“ од Нови Сад, претстава „Тартиф“ во режија на Игор Вук Торбица. Работена според мотивите од оригиналната Молиерова комедија „Тартиф“, а со поднаслов „Комично во класичното“. Тоа е театарска копродукција меѓу „Српско Народно Позориште Нови Сад“ и „Народно Позориште Сомбор.“

Претставата „Тартиф“ е многу наградувана, осма освоено 30-тина признанија на театарски фестивали во регионот. Освен актерите, бенефит од протоколот „Наши денови‘ ќе има и велешката публика, која ќе може да гледа гостување на реномирани театри од регионот.

„Ова е претстава која се однесува на денешниот момент, многу е актуелна. Настаните од претставата се многу препознатливи во секојдневниот живот. Нејзина најголема вредност е различното читање на театарската класика на Молиеровото дело. „Тартиф“ во ова читање ја изгуби неговата религиозност, која е главен мотив во самото дело.

Петар Печков