Свет

Десетици дојави за бомби во училишта во Србија

16.06.2022 18:37

Во десетици училишта пристигнала електронска пошта со закани за поставени експлозивни направи. За првпат мејловите со непознат испраќач биле испраќани во време кога учениците биле присутни на настава, по што за кратко време биле евакуирани...

Нова серија дојави за бомби во Србија. Во десетици училишта пристигнала електронска пошта со закани за поставени експлозивни направи. За првпат мејловите со непознат испраќач биле испраќани во време кога учениците биле присутни на настава, по што за кратко време биле евакуирани.

Бранот лажни закани за бомби почна на 11-ти март, на летовите на „Ер Србија“ за Москва, потоа на различни адреси во пристигнуваа голем број закани за бомби кои го нарушија секојдневниот живот во земјата.