Формула 1

На Алберт Парк ќе се вози Формула 1 до 2035 година

16.06.2022 20:22

Популарната Формула 1 патека во Мелбурн, Австралија, Алберт Парк останува во календарот на елитното натпреварување најмалку до 2035-та година, потврди директорот на Ф1 Стефано Доменикали...

Популарната Формула 1 патека во Мелбурн, Австралија, Алберт Парк останува во календарот на елитното натпреварување најмалку до 2035-та година, потврди директорот на Ф1 Стефано Доменикали.

Мелбурн за прв пат организираше Формула 1 трка во 1996 година, а во следната сезона за прв пат во историјата на Формула 2 и Формула 3 ќе се возат трки во овој австралиски град.

Според организаторот на Формула 1, патеката Алберт Парк е една од омилените меѓу возачите и одлична вест е што градот е расположен за долгорочни планови поврзани со овој мото спорт.

Викендов се вози трката за големата награда на Канада во Формула 1 шампионатот. Во генералниот поредок води Макс Ферстапен, од Ред Бу,л со 150 бодови, пред неговиот клупски колега Серхио Перез, кој има 129, трет е Леклер од Ферари со 36 бодови помалку од лидерот.