Кога други, поинакви параметри се во игра
Кога политиката игра, а повредите, кои пак се составен дел на спортот се на сцена, како комбинација делуваат тажно и ужасно.

Кога политиката игра, а повредите, кои пак се составен дел на спортот се на сцена, како комбинација делуваат тажно и ужасно.
Имено, уште од 1973-тата кога е востановена АТП скалата, тениските гренд слем турнири, поточно англискиот, неговото величество Вимблдон се нема случено на кралската трева публиката да не ги види најдобриот рангиран во моментов и оној зад него, вториот. Рускиот тенисер Данил Медведев кој од понеделникот е број еден, поради инвазијата на неговата земја над Украина го избриша организаторот од учесниците на третиот гренд слем, Вимблдон, додека вториот, Германецот Александер Зверев нема да биде во Лондон поради повредата здобиена на полуфиналниот дуел на францускиот, Ролан Гарос. Ваква слика каде нема учество на првите двајца од тенискиот планетарен врв последен пат се има случено пред повеќе од две децении, односно 1999-тата, но на австралискиот гренд слем.
Во ваква ситуација, третиот тенисер на АТП поредокот, а тоа е Новак Ѓоковиќ ќе ја преземе носителската улога, воедно Ноле е и бранител на тронот. Како втор рекет ќе се заведе шпанецот, Рафаел Надал кој котира како четврти на АТП. Ваквиот принуден поредок ќе значи уживање само од причина што конечно, доколку не се случи попатно изненадување, овие две тениски величини ќе ги гледаме во финале.
Инаку Вимблдон стартува на 27-ми јуни, пехарот во машка конкуренција ќе биде доделен на 11 јули, ден порано, кај дамите ќе биде прогласена шампионката.
