Бугарија

Пред Народното собрание во Софија се одржа протест за поддршка на Никола Минчев

16.06.2022 21:40

Демонстрантите беа децидни дека гласањето во Народното собрание на Бугарија е последица на дејствувањето на мафијата. Според нив, се појавува нова четирикратна коалиција, составена од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, „Има таков народ“ и „Преродба“...

Пред Народното собрание на Бугарија попладнево се одржа протест за поддршка на сменетиот претседател на Собранието Никола Минчев и на владата на премиерот Кирил Петков.

Демонстрантите беа децидни дека гласањето во Народното собрание на Бугарија е последица на дејствувањето на мафијата. Според нив, се појавува нова четирикратна коалиција, составена од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, „Има таков народ“ и „Преродба“.

Демонстрантите бараа Никола Минчев да биде вратен за претседател на Народното собрание. Тие сметаат дека актуелната бугарска влада е единствената која во последните години започнала вистински промени во земјата.

На протестот пред бугарскиот парламент за поддршка на разрешениот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, попладнево излезе и премиерот Кирил Петков придружуван од вицепремиерот Асен Василев, од претседателката на БСП и коалициска партнерка Корнелија Никова, како и самиот Минчев.