Воен конфликт

Северодоњецк под силен артилериски оган

17.06.2022 09:36

Се разгорува фронтот во источна Украина. Жестоки битки во Северодоњецк, но во фокусот е фабриката „Азот“ каде што се сместени над 550 цивили коишто не можат да бидат евакуирани поради непрекинатите артилериски напади. Киев бара брза воена помош и инсистира на кандидатски статус во ЕУ. За ова прашање, во текот на денов се очекува ставот на Брисел...

Се разгорува фронтот во источна Украина. Жестоки битки во Северодоњецк, но во фокусот е фабриката „Азот“ каде што се сместени над 550 цивили коишто не можат да бидат евакуирани поради непрекинатите артилериски напади. Киев бара брза воена помош и инсистира на кандидатски статус во ЕУ. За ова прашање, во текот на денов се очекува ставот на Брисел. Лидерот на Франција Макрон не ја исклучува можноста за разговори со неговиот руски колега Путин, но под одредени услови.

„Лидерите разбираат зошто нема преговори за крај на војната. Исклучиво поради позицијата на Русија, која се обидува да ги заплаши сите во Европа и да продолжи да ни ја уништува земјата. Не сакаат да најдат начин за мир. Тие се агресор кој мора да одлучи сам дека војната треба да заврши. Ние ќе се бориме додека не ни бидат загарантирани целосна безбедност и територијален интегритет“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Гранатирања се пријавени и од другата страна на границата. Властите во Курск тврдат дека од украинска територија бил извршен напад.

„Ние не извршивме инвазија во Украина, туку прогласивме специјална воена операција бидејќи немавме друг начин да му објасниме на Западот дека влечкањето на Украина во НАТО е криминален акт“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме, Летонија отстранува 300 споменици што глорифицираат тоталитарни режими, советскиот режим или Црвената армија.