САД

Смртоносен напад во црква во Алабама

17.06.2022 09:36

Еден загинат и двајца повредени во напад со огнено оружје во Веставија Хилс, Алабама. Мажот кој отворил оган во епископска црква „Свети Стефан“ е уапсен.

Еден загинат и двајца повредени во напад со огнено оружје во Веставија Хилс, Алабама. Мажот кој отворил оган во епископска црква „Свети Стефан“ е уапсен.

Мотивот за нападот е непознат. Во последните месеци во САД беа регистрирани повеќе вооружени инциденти со смртен исход, што ја реактивираше дебата на политичарите за контрола на оружјето.