Ракомет

Трето финале за втор трофеј

13.04.2014 09:54

Ден за расплет во третата сезона на СЕХА регионалното ракометно натпреварување. Во салата Спенс во Нови Сад претстојат завршните натпревари на турнирот на најдобрите 4 екипи во СЕХА...

Македонскиот шампион Вардар е по трет пат во финалните натпревари и од 18 часот и 30 минути за певиот трофеј сезонава и за парична награда од 35.000 евра ќе игра со белорускиот претставник во регионалната лига Мешков Брест.

Во финалниот натпревар Вардар влегува како голем фаворит. Оваа сезона 2 пати славеше над Мешков, на гости со 27-23 и во Скопје со 29-24, но финалето секогаш е посебен предизвик. Добрата форма и високата класа вардарци ја демонстрираа во полуфиналето против минатогодишниот сеха шампион Загреб со победата од 30-22 и потврдија зошто меѓу 4-те екипи во завршницата се единствено што уште опстојуваат во елитната лига на европските шампиони.

Финалниот натпревар ќе биде специфичен и поради „братскиот“ дуел на вардарецот Игор Карачиќ и неговиот брат во дресот на Мепков ,Иван Карачиќ.

Иван ја препушта фаворитската улога на тимот на неговиот брат, велејќи дека Вардар импресионира со својот квалитет кој од ден на ден е на повисоко ниво, но се надева дека конечно и на Вардар може да му се случи лош ден.

Од другастрана во црвено-црниот табор се свесни за фаворитската улога и презадоволни од супериорноста демонстрирана против хрватскиот шампион во полуфиналето

Завршниот ден на третиот фајнл-фор турнир на СЕХА од 16 часот ќе го отворат екипите на Загреб и Татран со мечот за третото место, а финалето меѓу Вардар и Мешков ќе стартува од 18 и 30. Двата меча македонската телевизија ќе ги пренесува на собранискиот сервис.