Велика Британија

Британија одобри екстрадиција на Асанж во САД

17.06.2022 13:50

Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во САД, одлучи британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател. Тој има рок од 14 дена да ја обжали одлуката...

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во САД, одлучи британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател. Тој има рок од 14 дена да ја обжали одлуката.

Американските власти го бараат Асанж поради документи објавени во 2010 и 2011 година. Тој е во затвор откако беше отстранет од Амбасадата на Еквадор во Лондон во 2019 поради повлекување на статусот за азил.