Работнички сам на врвот, Еуромилк тоне
Денеска ќе истрчаат Брегалница и Македонија ЃП. На тревникот во Штип ќе биде комплетирано 27 коло од фудбалското првенство на Македонија. Брегалница ,која што неочекувано за нејзините приврзаници влезе во непријатниот вител со насока во понизок ранг, е со добри изгледи да проедолжи да се ослободува од големиот притисок. Во прилог и оди и вчерашниот резултат од натпреварот во Маџари. Еуромилк не искористи уште една спасоносна можност, дома загуби од Шкендија со 2:0 оставајќи се во соспствен безизлез.

Нов приклучок во трката за титулата фати Металург. Веројатно најнепредвидливиот тим во првенството, во Битола со 3:1 поентираше против Пелистер за дефинитивно враќање во друштвото на екипи со највисоки амбиции. Бурен тек имаа 90 –те битолски минути. Пелистер си се поигра сам со себе: не реализира пенал, не погодуваше од најизгледни можни позиции! Металург присебно го заврти тркалото на среќата на своја страна. На преостанатите дуели меѓу „големите и малите“ се беше резултатски извесно. Работнички лесно со 3:0 го надигра Гостивар свесен за малата бодовна предност која ја добива. Хоризонт со уверливи 4:0 го совлада Напредок. Вардар со 5:1 ја декласира Ренова.Првенствената трилер-завршница продолжува.
Денеска: Брегалница-Македонија ЃП 16.00 часот
Табела:
1.Работнички 50
2.Вардар 48
3.Хоризонт 47
4.Металург 47
5.Пелистер 47
6.Шкендија 39
7.Ренова 36
8.Брегалница 36 (-1)
9.Еуромилк 32
10.Македонија ЃП 23 (-1)
11.Напредок 14
12.Гостивар 14